Спотот за песната „Halo“ Бијонсе го снимила во вистинско архитектонско ремек дело (фото)
Просторот во кој е снимен спотот за еден од најголемите хитови на Бијонсе, песната „Halo“ од 2009 година е луксузно архитектонско дело.
Се наоѓа во куќа на 214 Lafayette улица во квартот Сохо на Менхетен. Има 1200 м2, три спални соби, три бањи, тераса од 86 м2, затворен базен и подрум.
Според агентот кој го продава, Стивен Халперн од агенцијата за недвижности, Urban Compass, од 1. јануари 2014 поткровјето може да се изнајми за 80.000 долари месечно или за 20.000 долари дневно, односно 50.000 долари неделно.
Куќата има 6 ката, прозорци високи и до 6 метри, со поглед на Сохо, отворена кујна во индустриски стил и голем филмски дневен простор со истакнати цигли и прекрасен камин.
Ова поткровје претставува вистинско ремек дело.
Потсетете се како изгледа овој простор во спотот