Што да правите ден по дочекот на Новата Година?

Откако ја дочекавте Новата Година, откако испивте малку повеќе и изедовте многу месо и слатки, време е да си го посветите овој ден само на себе.

sto-da-pravite-den-po-docekot-na-novata-godina-01

Оттргнете се од сите мисли што се случуваше вчера или како да ја организирате новата 2014та. Опуштете се и за промена разгалете се.

Што да правите ден по најлудата новогодишна ноќ?

1. Ослободете се од сите планови. Разбудете се природно. Истегнете се. Дозволете си половина час излежување.

2. Станете и добро растегнете се. Соберете сила за неколку лесни вежби. Истегнете ги нозете, рацете, вратот и грбот.

3. Појадувајте лесно, но здраво. Подгответе си појадок од свежо овошје или зеленчук, свежо цедени сокови, овесни снегулки или лесен тост. Испијте едно силно кафе, со што помалку млеко можете.

4. Подгответе си топла купка со свежа арома. Истурете ја својата омилена купка во жешка вода и полека нурнете во светот на меурчињата. Останете таму сè додека имате желба.

5. Откако ќе се разгалите, стапете во контакт со своите најблиски. Честитајте им ја Новата Година на оние кои немавте можност или договорете попладневен чај или кафе со оние кои сакате да ја започнете новата 2014.

6. На крај, уживајте во тивка музика и лесен празничен филм. Уклучете ги сијаличките на елката, изгаснете ги сите светла и подгответе си топол, ароматичен пијалак. Идеално зимско опуштање на самиот почеток на годината.

Би можело да ве интересира:

7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg