400 „живи“ книги кои реагираат на движење (видео)
Нова „жива“ скулптура наречена „Book Hive“ се појави во библиотеката во центарот на Бристол. Таа содржи 400 „движечки“ книги за секоја година од постоењето на библиотеката.
За да ја прослави својата 400-годишнина, библиотеката во соработка со група креативни работници од Бристол со награда од 90.000 фунти од Англискиот центар за уметност дизајнирале интерактивна инсталација.
Taa ги прикажува старите книги комбинирани со нова технологија. Целата инсталација има 400 книги со вграден механизам кои реагираат на движењата на посетителите.
Се отвораат и се затвораат во ритамот на вообичаеното дишење. Поставени се во рамки изработени во вид на келии.
Директорот на Англискиот уметнички центар, Фил Гиби изјавил:
„Ова е имагинативна и инвентивна инсталација што истовремено ги покажува минатото, сегашноста и иднината на начин кој е мисловно - провокативен и забавен“.
„Веруваме дека секој, особено децата и младите луѓе, треба да имаат можност да го доживеат богатството на уметноста, музеите и библиотеките преку поддржување на одлични проекти како „Book Hive“. Ние можеме да ги донесеме вистинските партнери кои ќе креираат нешто прекрасно.“
Проектот „Book Hive“ ќе се прикажува во британскиот книжевен центар до 7. март, 2014 година.
Погледнете го видеото за да го видете движењето на книгите: