Ноќевање во хотел со сауна вграден во авион чини 300 фунти
Доколку барате прва класа во авион или хотел со што повеќе ѕвездички, ова е идеална комбинација за вас.
Овој хотел авион се наоѓа на аеродромот Teuge во Холандија.
Првпат е направен во 1960 година и служел како владин авион за германските дипломати.
Од 1964 до 1986 година се користел како туристички авион кој пренесувал 120 патниците до земји како Куба и Русија, пред да биде трансформиран во ресторан сè до 2007 година.
Тогаш е купен од страна на Hotelsuites.ni и претворен е во луксузен хотел.
Изграден е во внатрешноста на авион во кој има сауна, топла бања, 3 флет телевизори и е многу поевтин отколку што би помислиле.
Во предниот дел има и пилотска кабина во која посетителите може да си „играат“ пилоти, бидејќи се вградени и вистински летачки симулации.
За оние, пак, кои вистински сакаат да полетаат може да резервираат хеликоптерска тура, часови за летање, скокање со падобрани и возење со авион.
Целиот хотел е луксузно и модерно опремен, погоден за организирање романтични свечености и изненадувања.
Цената за едно ноќевање е 300 фунти.
Погледнете ја неговата внатрешност во видеото: