Флеш моб на железничка станица
За да го прослават реализирањето на „The Heat“ на Blu-ray & DVD, австралиската телевизиска ѕвезда Сели Обермендер предводи десетици Spanx танчери на спектакуларниот флеш моб за време на најголемиот метеж на централната станица во Сиднеј.
По нејзиното целосно заздравување од операцијата на рак на градите, после неколку години поминати на третмани со хемотерапија, веќе никој и ништо не може да ѝ ја тргне насмевката од лицето, особено додека ја изведува точката.
Овој флеш моб е инспириран од една од сцените на филмот „The heat“ со Сандра Булок. Сите танчерки се со високи потпетици и полициски капчиња и очила.
Ова претставува оригинална маркетинг промоција на ДВД изданието кое е веќе во продажба.
Погледнете го видеото со танчерите кои ќе ве воодушеват: