Најслатката куќа во светот
Во Тексас, пред само неколку дена, беше изработена најреалната и најголемата слатка куќа. Во неа има простор за 5-члено семејство.
На крајот на месец ноември, група волонтери ја изработија оваа куќа висока 6 метри, користејќи голема количина на шеќер и брашно, речиси 1 тон путер и околу 7.200 јајца.
За изработката се искористени и повеќе од 22.000 бомбони и други слатки задоволства.
Куќата влезе во книгата на Гинисови рекорди, а нејзината цел беше исклучиво добротворна. Парите собрани од посетата на оваа шеќерна куќа беа наменети за помош на локалната болница.
Куќата е пред сè изработена како туристичка атракција која за само неколку дена собра на $150.000 долари, а ќе биде отворена до 14 декември.