Мапа на жените со најголеми гради: Каде се наоѓа Македонија?
Исто како и секоја претходна година, така и оваа, на самиот почеток на месец декември веќе знаеме која земја располага со најбујни гради и најраскошно деколте.
Шарената карта на светот ја открива просечната големина на женските гради по континенти и земји. Секоја големина е означена со различна боја.
Статистичките податоци откриваат дека жените со најголеми гради живеат во северните земји. На прво место се наоѓаат Русинките, а потоа следуваат Швеѓанките и Норвежанките.
Ако ја обоите мапата на светот според просечните женски гради, таа би изгледала вака:
Ако од близу ја погледнете Македонија, ќе забележите дека само таа се разликува од останатите земји во регионот.
Додека сите соседи се наоѓаат некаде во натпросечната група, Македонија може да се пофали со малку поголемо деколте од минималното. Се согласувате?