Тони Зен и Кики - шармантни и искрени во Еден на Еден
Викендов имавме можност да поминеме уште еден супер телевизиски час со Еден на Еден. Гости беа убавата Катарина Ивановска и Тони Зен.
Целата емисија е веќе поставена на YouTube, во неа Кики зборува за тоа како загубила холивудска улога од Натали Портман и Скарлет Јохансон, детали за нејзината кариера, нетипичниот предлог од Дарко Митревски за улогата во 3то полувреме и многу други занимливи работи, а Жаре на многу интересен начин ги тестираше и нејзините актерски способности.
Тони Зен беше многу позитивно расположен и како ретко кога не се штедеше во разговорот.
Дури за прв пат откри се за тоа како две години работел во турски хотели како аниматор и што му помогнало да го помине тој тежок период.
На крајот од интервјуто заедно со Пеперминт во живо ја изведе неговата нова песна, Сетила.