Домашно подготвен ликер од чоколада

Идеално изненадување за љубителите на чоколадото и алкохолот. За помалку од половина час ќе имате домашно подготвен, чоколаден ликер на кој никој нема да му одолее.

domasno-podgotven-liker-od-cokolada-01

Потребно ви е:

  • 1l млеко
  • 1kg шеќер
  • 200g какао во прав
  • 50g растопено чоколадо
  • 2dl рум


Подготовка:

Во едно големо тенџере растопете го чоколадото, а потоа додајте го млекото и какаото во прав. Постепено додајте го шеќерот и чекајте додека течноста не се загрее и соедини.

Доволно е да проврие неколку секунди, за да го тргнете тенџерето од огнот. Оставете ја течноста да се олади.

Откако течноста ќе биде потполно изладена, додајте го румот. Никако не го додавајте додека течноста е врела, затоа што многу лесно ќе испари и неговиот вкус ќе биде незабележлив.

Пред послужување задолжително ликерот оставете го во ладилник најмалку 1 час.

Послужете во чаши за мартини или виски и декорирајте со јагоди, рендано чоколадо, цимет...

domasno-podgotven-liker-od-cokolada-02

Би можело да ве интересира:

6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg