Популарни Инстаграм профили кои треба да ги следите

Време е да направите малку место во вашиот телефон за прекрасни фотографии, кутриња кои ќе ви го затоплат срцето, стилизирани деца, храна која ќе ви го отвори апетитот...

popularni-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-01

Сакате вкусна храна?

Овој профил има преку 700.000 следбеници што го прави најпопуларен во областа на храната. Прилично сме сигурни дека за тоа заслужни се специјалитетите од кои буквално ќе почувствувате пеперутки во стомакот. Доколку сте љубител на вакви фотографии, имате можност да ја испратите и вашата омилена.

popularni-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-02

Уживате во живописните предели?

А воедно сте и романтични? Тогаш овој профил има што да ви понуди. Рускиот продуцент Мурад Осман ги снимил своите патувања од аголот на еден маж кој својата девојка ја води насекаде низ светот. Вистинска инспирација и уживање во погледите!

popularni-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-03

Сакате мода и слаби сте на мали дечиња?

Модерните дечиња се апсолутен хит на Инстаграм. Вилсон Доригон во февруари 2012 година решил да ги инспирира родителите и дечињата кои се зависници од модата. Со нешто повеќе од милион следбеници, објавените стилизирани деца прераснаа во вистинска интернет сензација.

popularni-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-04

Ве интересира како живеат познатите?

Иако поголем број од ѕвездите не го користат Инстаграмот за приватни фотки, ретки се оние кои инспирираат. Бијонсе, чии фотографии се вистински уметнички дела, можете да ги погледнете тука.

popularni-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-05

Сакате слатки животинчиња?

Тјун е популарната чивава со неправилна вилица, во која една девојка потполно се заљубила уште на прв поглед. Пронајдена е на пат во Сан Франциско, оставена од претходните сопственици, по што прерасна во милионски следена ѕвезда.

popularni-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-06

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg