Подгответе: 3 оригинални париски слатки

За само еден миг можете да си помислите дека сте некаде низ Париз, да ги слушнете звучите на шансоната и длабоко да го вдишите воздухот со мирис на љубов. Освен тоа, ќе имате можност и да уживате и во некое домашно слатко задоволство.

podgotvete-3-originalni-pariski-slatki-01

Овошни тортици

Потребно е: 50g брашно, 125g путер, жолчка, малку сол, вода, пудинг од ванила и варен жолт крем од жолчки, овошје, желатин

Подготовка: Во брашното додадете малку сол и со прсти измешајте го путерот, жолчката и малку вода, додека тестото не се стврдне. Оставете го во ладилник околу 30 минути.

Тестото развлечете го и исечете големи кругови кои ќе ги печете на завртени калапи за да добиете форма во облик на кошнички. Печете ги на 180 степени околу 20 минути, а потоа корпите наполнете ги со пудингот од ванила и кремот од жолчки.

Одозгора наредете овошје по желба и прелијте со желатин.

podgotvete-3-originalni-pariski-slatki-02

Крем Бруле

Потребно е: 5dcl полномасна павлака, стапче ванила, 5 жолчки, 50g шеќер + 4 лажици шеќер

Подготовка: Павлаката ставете ја во лонче и додајте го стапчето ванила. Грејте на тивок оган додека не почне да врие, а потоа оставете ја да се олади најмалку 1 час.

Изматете ги жолчките и шеќерот, а потоа извадете ги ванила стапчињата. Наместо нив исто така може да користите и малку арома од ванила. Добро промешајте, а потоа густата смеса истурете ја во 6 различни огноотпорни садови.

Ставете ги во длабока тава која ќе ја наполните со вода до половина и печете на температура од 140степени околу 40 минути. Извадете ги калапите од лимот и оставете ги во ладилник 1 час.

Потоа посипете ги 4те лажици шеќер и вратете ги садовите во рерна додека шеќерот не се карамелизира.

podgotvete-3-originalni-pariski-slatki-03

Палачинки Сузет

Потребно е: 6 палачинки, 2 портокали, 2 лимони, 120g шеќер, 125g путер, 2 големи лажици ликер од портокал

Подготовка: Исцедете ги портокалите и лимонот. Путерот исецкајте го на коцки. Шеќерот растопете го додека не добие кафена боја, а тогаш полијте го со сок. Варете неколку минути на висока температура, додајте го путерот и варете уште малку.

На крај додајте го ликерот, кога течноста ќе се олади. Претходно подготвените палачинки ставете ги во една чинија, полијте ги со сокот и преклопете ги на триаголници.

Над тоа ставете една топка сладолед или топка студен пудинг од ванила и прелијте со преостанатиот сок.

podgotvete-3-originalni-pariski-slatki-04

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg