Која е тајната на совршеното кафе?
Заради самиот вкус, мирис а воедно и придобивките од овој црн пијалак, настаната е и „уметноста” на самото подготвување. Ова е сè што треба да знаете ако сакате да подготвите совршено утринско кафе...
Што е најважно?
- Да купите добро зрно кафе
- Да го сомелете кафето веднаш по печењето
- Добро да го оладите кафето
- Да ја комбинирате вистинската количина на кафе и вода
- Да се фокусирате на техниката
- Да користите квалитетни садови за подготовка
Пржење на кафето
Самиот вкус, мирис, арома и јачината на кафето произлегуваат од начинот на пржење. Целокупниот квалитет зависи од тоа колку време зрното минува на висока температурата. Пржењето на најквалитетното кафе најчесто е од 10 до 16 минути. Доколку сакате благ и нежен вкус, зрната се печат од 10 до 12 минути, а доколку сакате силно кафе можете зрната да ги пржите на малку путер и да додадете неколку зрна шеќер.
Варење на кафето
Најлесно кажано, во зовриена вода додадете полна лажичка мелено кафе, варете ја мешавината и ќе добиете идеален пијалак. Точната количина на кафе потребно за една шолја варира, но сепак грубо кажано, за 1 dcl вода потребна е една мала лажичка, полна до врв.
Каде да го чувате кафето?
Секогаш чувајте го на суво и ладно место, а најдобро е да одберете сад кој не пропушта воздух кога ќе го затворите. Не му верувајте на митот дека најдобро е да го чувате кафето во фрижидер, затоа што на тој начин може да ја загуби аромата и да поприми други мириси од храна. Купувајте мали количина кафе, затоа што најважна е свежината.