Откријте: Какво пијанство имате?
Алкохолот различно влијае на луѓето. Сите имаме различно пијанство, па обидете се да се пронајдете во која категорија припаѓате, доколку се сеќавате.
1. Емоционално пијанство
Малку ќе се поднапиете и започнувате разговор за своите емоции, она што ве мачи, плачете или се смеете и раскажувате на сите колку сте заљубени до уши.
2. Луто пијанство
Неколку чашки и вие веќе се расправате, лутите и дебатирате со познати и непознати.
3. Наметливо пијанство
Упаѓате во туѓи разговори, со сите сте блиски, се бакнувате и гушкате и се наметнувате на секого.
4. Потрошувачко пијанство
Пијани сте и ете таман најдовте повод да ги потрошите сите пари од новчаникот. Частите се и секого се додека не останете на нула.
5. Весело пијанство
Не престанувате да скокате и да се глупирате, секоја песна во клубот е „вашата“ и сите околу вас се најдобри на светот и се супер!
6. Интровертно пијанство
Алкохолот ве замолчува и гледате во една точка. Не сакате никој околу вас и во ваша близина освен себе
7. Филозофско пијанство
Длабока анализа на смислата на животот наменета за сите околу вас. Со неколку чашки станувате просветлени и продуховноста морате да ја споделите со сите околу вас.
8. Кокетно пијанство
Патите за внимание, отворени сте за флерт и се доаѓа во предвид доколку се чувствувате секси.
9. Бестрашно пијанство
Спремни сте на работи кои кога би биле трезни никогаш не би ги направиле. Кога ќе се отрезните се чудите кај ви бил паметот.
10. Пијанство без меморија
Толку се уништувате што имате дупки во сеќавањата. И потоа се среќавате со друштвото за да ги споите деловите од слагалицата.
Во кои типови на пијанства се препознавте?