Овошен сорбет - најбрзиот летен десерт
Ако сладоледот ви е премногу комплициран, а сакате да каснете нешто вкусно и ледено, тогаш подгответе си овошен сорбет за само неколку минути.
Подготовката е едноставна и се состои од мешање на сите состојки кои ги сакате, во миксер. Кога ќе добиете густа смеса без грутки, ги додавате течностите и мешате додека шеќерот не се стопи.
Во пластични садови или калапи ја пресипувате смесата и оставате да се замрзне.
Декорацијата која следува е најинтересното нешто. Може да експериментирате со чоколадни трошки, слатки зачини, шлаг, парчиња овошје, ливчиња нане, благи преливи...
Ова се неколку идеи за вкусен летен сорбет:
Сорбет од боровинки и вишни - 2 шолји вишни, ½ шолја боровници, ½ шолја вода, шолја шеќер, 2 лажици сок од лимон, лажица рум
Пијан сорбет - 6 јаболки, ¾ шолја шеќер, ½ шолја вода, ¼ шолја јаворов сируп, лажица цимет, ванила, 3 лажички виски
Сорбет од диња - 900g диња, шолја сок од портокал, ½ шолја шеќер, лажичка ликер од портокал
Сорбет од ананас - Половина ананас, ½ шолја вода, шеќер по желба, лажичка вотка, лажичка сок од лимон
Комбинирајте состојки и овошје по своја желба, само не претерувајте со шеќерот и алкохолот затоа што во спротивно смесата нема да замрзне. Задолжителна е само водата и неколку капки лимонов сок, а сè останато е по ваш вкус.