Удобна вила помеѓу португалски лозја
Стариот имот во средиштето на голем број лозја е претворено во хотел Романиера и се наоѓа на 400 хектари приватно лозје, по долината на Доуро во Португалија.
Ова е место каде што сонот за тишината, мирот и опуштањето може да биде конечно реализиран. Имотот од 19 век се наоѓа на завидлива висина од која се простира прекрасен поглед кон зелени долини.
Во внатрешноста на оваа едноставна, а раскошна градба се наоѓаат 13 соби и 6 апартмани со поглед кон брегот на реката. Секое утро покрај базенот се служи појадок од свежи домашни печива и џемови од овошје кое расте во позадината на хотелот.
Ресторанот во овој хотел е познат по уникатните и неодоливи национални специјалитети и големиот избор на одбрани португалски вина.
Хотелот има капацитет за 44 гости кои на услуга ќе имаат и врвни масажери, турска сауна, голем внатрешен базен, библиотека со пријатна атмосфера и сè што асоцира на одмор и удобност.