Подгответе: Егзотичен сладолед од кокос
Жешките денови се пред вас, па затоа почестете се со еден егзотичен сладолед кој е идеален начин да се разладите и да уживате во летото.
Потребно ви е:
- 1 голема шолја боровинки
- 400мл кокосово млеко
- Десетина јагоди
- 1 лажица екстракт од ванила
- Мед
Подготовка:
Изматете го кокосовото млеко со медот и ванилата. Калапите или чашките за сладолед наполнете ги до половина со оваа смеса, па истурете ги боровинките. Малку промешајте и оставете ги калапите во замрзнувач околу 30 минути.
Откако ќе ги извадите половичните сладоледи додадете им го преостанатото кокосово млеко и истурете ги ситно сечканите јагоди.
Нема потреба да ги мешате јагодите длабоко во смесата, туку само додадете ги на самото дно на сладоледот.
Боцнете неколку дрвени стапчиња и вратете ги калапите во замрзнувач уште 3 часа.
Откако добро ќе се оладат сладоледите може да ги комбинирате со чоколаден чипс, рендана темна чоколада, овошје по желба или брашно од кокос.