Креативен овошен десерт: Лубеница во облик на скара

Ако ова лето решите да ги поканите вашите најблиски на опуштена забава на која ќе служите вкусна храна, овој предлог никако не го пропуштајте.

kreativen-ovosen-desert-lubenica-vo-oblik-na-skara-01

Се работи за креативен овошен десерт кој нема да ви одземе многу време, ниту пак треба да вложите посебен труд, а ќе добиете вистинско ремек дело.

Потребна ви е само една лубеница, овошје по желба, стапчиња за ражничи и лажица за сладолед.

Започнете со тоа што ќе ја пресечете лубеницата на две еднакви половини. Започнете да ја длабите вадејќи топчиња лубеница со лажицата за сладолед. Откако ќе ја подиспразните внатрешноста, ставете капини или малини по желба.

Следни на ред се стапчињата за скара, кои овој пат ќе ви послужат како решетки од скарата. Прободете ја кората, исто како на фотографијата подолу,

kreativen-ovosen-desert-lubenica-vo-oblik-na-skara-02

Потоа направете мини овошни ражничи, прелијте ги со чоколадо или некој сладок фил и поставете ги на скарата од лубеница.

По желба, преостанатата половина прицврстете ја повторно со стапчиња за скара и поставете ја како капак.

За само неколку минути имате егзотично и креативно овошно освежување!

kreativen-ovosen-desert-lubenica-vo-oblik-na-skara-03

kreativen-ovosen-desert-lubenica-vo-oblik-na-skara-04

kreativen-ovosen-desert-lubenica-vo-oblik-na-skara-05

Би можело да ве интересира:

Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg