На што да внимавате кога јадете во ресторан?
„Само затоа што изгледаат убаво надвор, не значи дека ситуацијата е иста и во кујната“ вели доктор Оз. Кои се на изглед безначајни знаци кои вам можат да ви покажат дали кујната во ресторанот е чиста или валкана.
Обрнете внимание на:
1. Нечистотии. Ако кантите за отпадоци од остатоците од храна се во близина на просторот кај што се подготвува храна, ако има остатоци од исушен кечап и чаши превртени наопаку на шанкот – ова се знаци за тревога. А, ако тоалетот е валкан, голема е веројатноста дека и кујната е таква.
2. Сјаен зеленчук. Дали сте се запрашале зошто зеленчукот толку светка вештачки во вашата чинија. Најверојатно затоа што е подготвен во глазура од путер и шеќер, две состојки кои рестораните сакаат да ги ставаат во својата храна. Затоа барајте зеленчук подготвен на пареа.
3. Средно печено. Немојте да барате многу печено месо. Стар ресторански трик е дека месото го чуваат и откако ќе му помине рокот на траење и едвај чекаат некој да побара попечено парче. Колку е поиспечено, потешко е да се препознае вкусот. Ако е прекриено со сос, можеби е обид да се замаскира вкусот.
4. Специјалитети. Прескокнете ги специјалитетите. Најчесто се прават од состојки кои се вишок, или брзо им истекува рокот.
5. Шведска маса и бактерии. Шведските маси се плодна основа за бактерии, а дел од опасностите се резултат на тоа што храната стои на несоодветна температура. Понекогаш дното е загорено, а горниот слој ладен. Ако сакате да уживате во храна послужена на овој начин, бидете први што ќе стигнат откако ќе биде послужена.