Направи сам: Торба за на плажа

На секоја девојка и е потребна голема, практична торба за на плажа која ќе се вклопува добро со бикините, наметката и сандалите. Најчесто треба да е практична за да ги собере сите тракатанци за еден ден на плажа, но и во чекор со моменталните трендови.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-01

Во продолжение неколку предлози како може сами да изработите торба по ваш вкус и мерка.

Голема платнена торба

За оваа торба е потребно платно во некоја неутрална боја во ваш вкус, а сидрата и ѕвездите може да ги нацртате или залепите од сосема поразличен материјал. За рачки доволно е да одберете некое дебело јаже, коноп или интересен материјал.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-1

Жолто бела торба

Ова е најобична торба, но ако додадете некој интересен материјал во јака боја и може да изгледа супер. Во овој случај, доволно е да додадете 3 или 4 ленти во жолта боја, да го залепите или зашиете и торбата за на плажа ќе добие сосема нов изглед. Внатрешниот џеб направете го по вашите потреби, по мерка на телефонот или голем џеб во улога на преграда.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-2

Торба со кожни рачки

Уште една верзија на претходната торба, но овој пат ставате кожни рачки наместо платнени. Внатрешните џебови направете ги по потреба и поигрувајте си со дезените и боите.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-3

Мал вез

Ако не сакате да ја лепите или менувате премногу, тогаш вашата постоечка чанта само одвежете ја со некој интересен вез кој можете да го зашиете со игла и конец.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-4

Торба без шиење

За овој проект ви е потребен весел материјал и дебел коноп од кој ќе ги изработите рачките. Доволно е материјалот да го залепите од трите страни, а од четвртата да го протнете конопот низ 4те дупки за рачки.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-5

Торба со линии

Најдете обична торба и на неа нацртајте линии во една или повеќе бои со различна големина и ќе добиете тренди модел наместо обичен.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-6

Пешкир торба

Додајте рачки на завршетоците од пешкирот, добро испланирајте како ќе се преклопува и закопчува (најдобро е со мали нитни на барем две места) и ќе добите модерна пешкир торба.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-7

Плетена торба

Обичната плетена торба која нема шарм и изгледа малку старо, обојте ја со некоја боја или додадете и некој материјал. Во истиот момент ќе добиете нова, свежа и модрена чанта.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-8

Изолир лента

Верувале или не, оваа чанта е направена од малку подебела кеса украсена со ленти за изолир. Ова докажува дека може да употребите голема креативност и ако го имате основниот материјал ќе добиете модерен и уникатен аксесоар за плажа.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-9

Транспарентна торба

Транспарента торба од мрежи за прозорци е нешто на кое сигурно не ви текнало. Со само малку сошиена мрежа за прозорци и неколку украси и можете да добиете многу добар ефект.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-10

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg