Внесете пастелни бои во домот
Оваа сезона пастелните бои се многу популарни во светот на модата, но и во дизајнот на ентериерите. Бидејќи владеат на сите полиња се чини дека нема да ја напуштат модата во скоро време.
Помеѓу дизајнерите важи едно правило - овие бои треба да се употребуваат во помали простории и во различни дезени и текстури.
Лесно е да се вклопат со модерното и минималистичко уредување на домот и да му дадат понежен изглед.
Геометриски форми во пастелни бои одговараат одлично за спални соби или дневна соба каде што дезените креираат релаксирачка атмосфера.
Може да се добие навистина еден модерен изглед, особено ако се комбинира со дела од модерната уметност или некој уникатен мебел.