Што сè можете да подготвите во калапите за мраз?
Калапите за мраз не мораат секогаш да бидат резервирани само за вода. Заштедете и пари и време со само неколку едноставни идеи и поттикнете ја вашата кулинарска креативност.
Ова се највкусните креативни заледени коцки...
Свежи зачини
Мирисите и благодетите на свежите зачини како што се рузмаринот, босилекот и мајчината душичка може да ги сочувате ако ги замрзнете во калапите за мраз.
Подготовка: Исечкајте ги билките и зачините и прелијте ги со маслиново масло. Замрзнете ги и по потреба вадете си по една коцка за појадок, ручек или вечера.
Песто
Омиленото песто е од оние додатоци кои секогаш сакаме да ги имаме во фрижидерот, па затоа што нема рок на траење сега тоа е возможно. Замрзнувањето е идеално за овој сос.
Подготовка: Преостанатата смеса едноставно префрлете ја во калапот за лед кој претходно го премачкавте со маслиново масло и замрзнете.
Чоколада
Многубројните нејзини обожаватели ќе бидат позитивно изненадени. Со овие заледени коцки ќе имате можност да додадете чоколаден шмек на што и да посакате.
Подготовка: Чоколадата растопете ја на пареа и додадете слатка павлака. На 100g чоколада доволни се 100g слатка павлака. Кога смесата ќе се олади, префрлете ја во калапи и замрзнете. Ледените чоколадни коцки се идеални за во чаша топло млеко.
Вино
Неколку голтки вино во шише секако не се добра идеја, но затоа можете да го замрзнете.
Подготовка: Виното, без оглед дали е црно или бело, едноставно прелијте го во калапот за мраз и замрзнете. Кога ќе имате потреба од малку посилен вкус во сангријата или едноставно ќе сакате да ја разладите чашата полна вино - еве ви идеално решение.
Сезонско овошје
Домашното овошје како што се малините, јагодите и рибизлите може да се најдат само во една сезона. Затоа, коцките со овошен вкус се одличен додаток во сладоледот пудингот или освежителните пијалаци.
Подготовка: Добро измијте го овошјето, ако има потреба исечкајте го на мали коцки и ставете го во калапот за мраз. Прелијте со вода и замрзнете.