Најубавите девојки на Вимблдон
На листата на најубави избранички на светските тенисери направена од британски „Sun“ се најдоа неколку девојки кои ги следат своите партнери и бурно навиваат за нив.
Додека украинскиот тенисер Сергеј Стаковски го победуваше Федерер, од трибините го бодреше сопругата Анфиса, преубава Русинка, професионаолна манекенка.
На листата се најде и манекенката и водителка Заира Нара, која е во врска со тенисерот Хуан Монако.
Тука се и Јелена Ристиќ – девојката на Новак Ѓоковиќ, како и сопругата на Јанко Типсаревиќ и девојката на Виктор Троицки.
Не ретко ја гледаме и поубавата половина на Енди Мареј – Ким Сирс, со која Енди е во врска 7 години. Таа е уметник и омилена тема и се животните.
Американската актерка, Сара Фостер, која се забавува со Томи Хас, исто така влезе во потесниот избор.
Која е ваша омилена тениска снашка?