Подгответе штрудла со сладолед од ванила
Штрудлата е еден од омилените десерти во светот, па затоа може да се пронајдат многу различни начини за подготовка. Овој рецепт што ви го нудиме е штрудла со јаболка и сладолед од ванила и е идеално летно освежување.
Состојки потребни за подготовка
- Кора за штрудла (можете да ја купите од продавница или можете да ја направите од тенко сукано тесто)
- 1 kg кисели јаболка
- Шеќер
- Путер
- Цимет
- Суво грозје
Сладолед од ванила
Исецкајте ги јаболките на коцки во големина од 1,5 cm. Посипете ја кората со растопен путер и во средина поставете ги сецканите јаболки.
Испрскајте со шеќер, цимет и суво грозје. По желба можете да ги ставите во рум да потстојат пред да ги искористите за штрудлата. Свиткајте го тестото и поставете го во тепсија. Избоцкајте го за да не попука горниот дел.
Печете во загреана рерна на 180 степени 30 до 40 минути се додека тестото не добие златна кора.
Оставете ја штрудлата да се олади и послужете со топка сладолед од ванила. Декорирајте со нане, цимет или топено чоколадо.