Како да воспитате мачка?

Следните совети и трикови можете да ги искористите кога сакате да ја воспитате својата мачка. Основните принципи се доследноста, упорноста и точното знаење што сакате да ја научите. Не правете отстапки во воспитувањето за да не добие измешани сигнали.

kako-da-vospitate-macka-01

Казнувањето не им значи ништо

Ова е факт. Ако сте имале куче можеби казнувањето ви помогнало кај неговото воспитување. Кај мачките ова не важи. Тие ќе си продолжат со старите навики.

Телесно казнување не доаѓа во предвид

Во никој случај не смеете телесно да ја казнувате мачката, бидејќи нејзиното тело е многу нежно. Треба да ја надмудрите за да ја научите на нешто, а не да ја удирате.

Користете го методот на позитивно потсетување

Како што кажавме казнувањето не е добра идеја, но затоа позитивното потсетување е полесен и поефикасен начин на воспитување на вашата мачка. Секогаш имајте при себе слатки ужини кои ќе и ги давате кога ќе направи нешто како што треба.

Набавете играчки

Можете да ги набавите во продавница за домашни миленици или можете сами да ги направите. Обично мачките се непослушни кога им е здодевно. Зачувајте си го мебелот и купете играчки на кои ќе ги вежбаат своите ловечки вештини.

kako-da-vospitate-macka-1

Потрудете се да им биде забавно додека ве нема

Ако вашата мачка е научена на друштво, кога ќе ја оставите сама дома ќе и стане досадно и ќе почне несвесно да го уништува домот. Затоа, пронајдете начини на кои ќе ја забавувате и додека не сте до неа.

Шишенце за прскање

Ако ја испрскате вашата мачка таа набрзо ќе сфати дека треба се смири. Наполнете шишенце со вода и ако вашата мачка е непослушна се што треба да направете е да ја прснете.

Дувнете и во лице

Кога сакате да ја оддалечете од вас и да ви даде малку слободен простор дувнете и во лицето. Така ќе ја збунете и уплашете. Едноставен трик кој можете да го пробате.

Погрижете се мачката да има соба со поглед

Поголемиот дел од негативното однесување на мачките е поврзано со големата љубопитност. Поставете ја на место од каде што ќе може да набљудува што се случува надвор, така ќе си ја задоволи својата потреба за љубопитност и истражување.

Поминувајте време со неа

Колку повеќе време поминуваш со својата мачка толку повеќе ќе станувате поблиски. Комуникацијата ќе ви се зголемува и полесно ќе знаете кога сака нешто да направи, а кога не.

Имате повеќе од една мачка? Подгответе се за борба за територија

Мачките секогаш ќе се борат за територија. Ако борбата започне во ваша близина, спречете ја. Искористете го методот со прскање вода. Испрскајте го оној кој напаѓа, а не жртвата.

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg