Знаат ли сите кучиња да пливаат?
Зарем не се неодоливи кучињата кога ќе ги видиме како пливаат во длабоките води и како се разладуваат? Нас ни изгледа како сите кучиња да ја имаат таа дарба, но дали тоа е вистината?
Голем мит е тоа дека кога ќе се најдат кучињата во вода, природно е да почнат да пливаат. Ова не значи дека тие така долго ќе останат на површината, ниту дека се безбедни во неа. Нивната способност да се снаоѓаат во вода пред се зависи од расата и од конституцијата на кучето.
Оние со голем, тежок труп и со кратки нозе се задоволуваат само со краткотрајно разладување во вода. Не е чудно тоа што булдозите се најлоши пливачи меѓу кучињата. Некои сопственици на базени се предупредени да постават ограда или да стават видео надзор за да си надгледуваат домашните миленици.
Теоретски гледано не би постоело причина зошто вашиот шкотски овчар не би сакал да плива. Постојат дури и случаи на тренирани кучиња кои избегнуваат пливање бидејќи сакаат да бидат на цврсто тло.
Тоа што вие можете да направите е да го охрабрите вашето домашно милениче. Влезете во вода и повикајте го. Земете ја неговата омилена играчка и дозволете самиот да се охрабри да влезе во вода, потоа наградете го. Никако немојте насилно да го учите да плива. На овој начин само ќе го заплашете повеќе, и тој шок нема никогаш да го заборави. Особено внимавајте на брзината на неговото заморување. Постарите кучиња побрзо се заморуваат, затоа не ги форсирајте.