Болното кутре од светски познатата фотографија наполни 20 години
Се сеќавате на фотографијата од минатата година на која се прикажува сопственикот кој го успива своето кутре во езеро? Во еден момент таа фотографија беше најтрогателната, а воедно и најгледана низ целиот свет. Токму тоа кутре штотуку наполни 20 години.
Фотографијата настанала во едно езеро каде што пријател на фотографот секој ден го носи своето болно кутре Шеп за да се опушти и заспие.
Шеп боледува од артритис, па сè потешко се носи со своите години. Неговиот сопственик открил дека млаката вода има терапевтски ефект врз неговите болни коски, па затоа секој ден го опушта во најблиското езеро додека го држи во прегратка.
На Шеп изгледа му годи овааа терапија, бидејќи на 15 јуни го прослави својот 20 роденден, што е голема реткост во светот на кучињата. За роденденот примил над илјада писма и голем број на подароци од обожаватели ширум светот.