Прекрасна вила со поглед кон Тихиот Океан
Хотелскиот комплекс Conrad Koh Samui се наоѓа на истоимениот остров Кох Самуи во Тихиот Океан. Главна карактеристика на овој комплекс е токму извонредниот поглед кој е лесно видлив преку стаклените прозорци на апартманите.
Вилата се простира на 829 метри квадратни и се наоѓа на највисоката точка на летувалиштето.
Големиот надворешен простор е поделен на огромни тераси, градини, како и бесконечен базен кој речиси се преклопува со погледот кон Тихи Океан.
Ентериерот е најлускузно опремен и секоја соба е декорирана со елегантен мебел како би се добила едноставна, а хармонична целина.
Ниту еден гостин досега не останал рамнодушен, а оние со подлабок џеб секогаш и се враќаат на оваа тајландска убавина.