Најискрениот оглас за продажба на автомобил

Ако некогаш сте разгледувале огласни за купување половен автомобил, веројатно имало и такви кои од било која причина ве насмеале.

ova-e-najbizarniot-oglas-za-prodazba-na-avtomobil-1

Меѓутоа, сигурни сме дека ваков оглас не сте сретнале!

Еден Британец го огласил својот Mercedes – Benz E320 CDI од 2000 година на страната на „E - Bay“ и тоа на многу необичен начин.

Освен полничката сопруга на сопственикот на автомобилот која заводливо позира покрај автомобилот, врз него, во багажникот, со огласот следува и искрен опис:

„Ако барате беспрекорен, добро сочуван автомобил ... на погрешно место сте!

Откако е во моја сопственост, овој автомобил е користен во рели и обични трки, неколку пати е удиран, со него имам убиено три елени, додека ентериерот неколку пати е уништуван. Да не го спомнувам и тоа дека мојата сопруга удри со нога во задното крило, кога и реков дека треба понекогаш да јаде салата.

Прозорците одлично работата, така што сигурно нема ни да забележите дека климата е расипана.

Не се обидувајте да ја спуштите цената – знаеме што се му фали на автомобилот, поминавме преку 65.000 км со него.

Уште една работа – за дебелкава на фотографиите може да се преговара, од вас зависи дали ќе ја добиете заедно со автомобилот “ – напишал Британецот.

Цената на автомобилот во моментов е 176.000 евра.

ova-e-najbizarniot-oglas-za-prodazba-na-avtomobil-2

ova-e-najbizarniot-oglas-za-prodazba-na-avtomobil-3

ova-e-najbizarniot-oglas-za-prodazba-na-avtomobil-4

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg