6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите)

Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако сте машко, можеби е подобро да ја промените оваа навика.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-01.jpg

Постојат некои работи што ги правиме сите, но за кои не сме свесни дека некогаш можат да бидат и штетни или да ни предизвикаат проблеми.

Шест вакви работи во продолжение:

Го бришете автомобилот со сува крпа

Никогаш немојте да го пребришувате автомобилот од надворешната страна со сува крпа бидејќи ќе ја оштетите бојата.

Секогаш прво навлажнете ја крпата со вода, навлажнете го и автомобилот, па дури тогаш пребришете го.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-03.jpg

Ги бришете рацете со антибактериски марамчиња пред јадење

Антибактериските марамчиња, како и геловите и средствата за дезинфекција, никогаш не треба да го заменат миењето раце.

Овие продукти треба да ги користите само кога немате можност да ги измиете рацете.

Пред јадење, пак, секогаш темелно измијте ги рацете за да ги отстраните сите бактерии од нив.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-04.jpg

Спиете на десната страна

Идеално е да спиеме на грб – на овој начин телото е во правилна положба, а притоа и не го „лепиме“ лицето за перницата, што значи се намалува ризикот од проблеми со кожата, па дури и рана појава на брчки.

Но, факт е дека многумина воопшто не можат да спијат на грб.

Ако сте од оние кои спијат на страна, тогаш избегнувајте да спиете на десната.

Причината за ова е формата на нашиот желудник. Кога спиеме свртени на десната страна, дел од желудочната киселина може да се врти во хранопроводот.

Ако веќе имате проблеми со стомакот, оваа положба ќе ги влоши и ќе ви создаде киселини.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-02.jpg

Го чувате телефонот во предниот џеб од фармерките

Ова повеќе се однесува на мажи.

Телефонот емитува зрачење кое не е опасно за нас, но може да предизвика последици ако го чувате уредот на несоодветно место.

Ако, на пример, го носите во предниот џеб од фармерките, тогаш вашите гениталии ќе бидат изложени на ова зрачење.

А, некои истражувања покажале дека честата изложеност на ова зрачење може да предизвика проблеми со сперматозоидите.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-05.jpg

Премногу верувате во податоци од паметни часовници и апликации за слабеење

Паметните часовници, како и некои апликации за смартфони, имаат опција да покажат колку чекори сте изоделе денес, колку калории сте согориле, колкав ви е пулсот и слично.

Иако ова е одличен начин да имате некаква претстава за здравјето и физичката активност, имајте на ум дека овие податоци не можат секогаш да бидат 100% точни.

Односно, некогаш можат да ви покажат помали, а некогаш поголеми вредности од реалните.

Ова не значи дека не треба да ги користите овие алатки – напротив, тие можат да ве мотивираат да водите подобар живот. Но, добро е да бидете свесни дека некогаш резултатите се неточни и не дозволувајте да имаат преголемо влијание врз вас.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-06.jpg

Пиете кафе рано наутро

Огромен број луѓе го почнуваат денот со шолја кафе. Но, пиењето кафе многу рано скоро и да нема ефект.

Наутро, нивото на кортизол е повисоко. Кафето, пак, го поттикнува лачењето на овој хормон.

Зa да ги почувствувате придобивките на кофеинот, препорачливо е да го пиете кафето кога нивото на кортизол е природно пониско, на пример помеѓу 10 и 12 или помеѓу 14 и 15 часот.

6-raboti-so-koi-nesvesno-si-nashtetuvame-a-gi-pravime-site-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg