Професори откачија на крајот од годината - учениците во шок
Професорите во едно средно училиште во Девон, Англија пред крајот на школската година решиле малку да се пошегуваат со учениците.
Професорите од ова училиште одлучиле за момент да ги заменат улогите со учениците и да се нашалат на нивна сметка.
Така, тие им соопштиле на учениците дека ќе треба да дадат завршно интервју во кое ќе треба да ги посоветуваат младите околу дисциплината и сериозноста на училишните обврски, а додека кутрите ученици се концентрирале на она што го зборуваат пред камерите, зад нивниот грб се случувала вистинска забава.
Професорите играле, се смееле, се глупирале, влетувале во кадар со смешни предмети, а учениците за тоа немаат поим.
„Редно време беше и тие да почувствуваат како е кога некој те исмејува зад грб“ – изјавил еден од професорите.