Трачарењето е добро за здравјето

Одамна е познато како трачарењето е најзастапен облик на комуникација, посебно помеѓу жените. Неодамнешните истражувања покажаа дека трачарењето во умерени количини е всушност здраво од многу причини.

tracarenjeto-e-dobro-za-zdravjeto-01

Ова се најважните три:

1. Трачарењето го намалува стресот и тегобите

Со други зборови, кога на некој друг му е полошо од нас, едноставно се чувствуваме подобро. Тоа не значи  дека доколку некој раскинал долгогодишна врска или добил ненадеен отказ вие ќе бидете пресреќни, туку едноставно ќе сфатите дека вашиот живот не е така лош како што го замислувавте.

2. Со трачарењето полесно ги проценуваме чувствата

Ви звучат познати ситуациите во кои на пријателката и се жалите за сегашниот, а често пати и за бившиот? Тоа не значи дека ја барате вистината, туку барате потврда дека она што го правите е правилно. А кога ќе добиеме една потврда, полесно е да процениме како понатаму.

3. Трачарењето нè поврзува и создава чувство на припадност

Кога трачариме, се слушаме едни со други, а на тој начин длабоко се поврзуваме со чувствата и емоциите на другите. На тој начин полесно е да ги разоткриеш оние кои ти одговараат и со кои емоционално се поврзуваш, на секое можно ниво.

Би можело да ве интересира:

Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg