Искористете ги креативно празните кутии од чевли

Непотребното собирање на кутии од чевли конечно може да се исплати. Наместо да се мислите што да направите со нив и каде да ги сместите, ние ви нудиме мала помош.

iskoristete-gi-kreativno-praznite-kutii-od-cevli-01

Наједноставно би било ако ги претворите во уникатно обоени и декорирани ѕидни полички. Се разбира, нема да држат многу тежина, но сепак изгледаат поубаво отколку може да си замислите. Плус, имате уште еден изговор зошто купувате нов пар на чевли.

Следете ги следните неколку чекори и направете ефтина, а уникатна ѕидна полица.

Потребно ви е:

- Неколку кутии од чевли, големината и длабочината не се важни

- Спреј за боење

- Декоративна хартија

- Ножици

- Лепак

- Шрафцигер и неколку шрафчиња

iskoristete-gi-kreativno-praznite-kutii-od-cevli-02

Започнете со тоа што кутијата ќе ја обоите со спреј. Потоа обложете го дното со декоративна хартија во поразлична боја и добро залепете. Најдобро е да користите лепак во облик на стик.

Закачете ги кутиите вертикално, како на фотографиите за да добиете интересен мозаик. Зацврснете ги со шрафчиња во горниот и долниот дел, за поголема стабилност.

Изложете ги вашите омилени сувенири и создадете впечатлива и незаменлива ѕидна декорација.

iskoristete-gi-kreativno-praznite-kutii-od-cevli-03

iskoristete-gi-kreativno-praznite-kutii-od-cevli-04

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg