Вечера во облаците со извонреден поглед
Славниот хотел Cipriani во Венеција ги повикува своите гости на една необична, небесна вечера. Ресторанот кој се наоѓа на неколку метри височина е дизајниран за 22 особи, а всушност висечката платформа се наоѓа над базенот на хотелот.
Ресторанот Dinner in the Sky, патува во повеќе градови низ светот, а следните локации се Балтичките земји - Хелсинки, Талин и Рига.
Платформата се подига 50 метри над базенот од хотелот, па во текот на вечерата полека, незабележливо се врти до 180 степени за гостите да уживаат во прекрасниот поглед од сите страни.
Во овој ресторан служат исклучиво специјално тренирани лица кои може да внимаваат на сигурноста на гостите, кои се врзани со дури четири сигурносни ремени.
Имате доволно храброст за да уживате во погледот и храната на овој небесен ресторан?