Баба го прослави својот 102 роденден со скок со падобран
Дороти Кастер е симпатична бабичка која го прослави својот 102 роденден скокајќи од мост со падобран, заедно со професионалниот скокач Шон Чуман.
Оваа бабичка по се изгледа е голем авантурист, бидејќи минатиот роденден го прославила спуштајќи се по жица низ кањон. За овој роденден таа посакала да скокне со падобран од авион, но заради високата цена, сепак се одлучила за нешто помирна варијанта.
Запрашана за тајната на долгиот век, таа одговорила дека и самата неодамна се запрашала за истото и сфатила дека трикот е во тоа да не мислиш на годините.
„Јас никогаш не мислев на тоа колку години имам. Наместо тоа, што и да се случеше јас продолжував понатаму, се забавував, уживав и го правев она кое е неопходно.“
Професионалниот скокач со чија помош Дороти скокнала од мостот изјавил дека е многу возбуден што има чест да скока со оваа храбра старица.
Е, ова е навистина супер бабичка!