Како да го уредите домот кој сакате да го продадете?

Запомнете дека во животот нема втора шанса за прв впечаток и дека многу пати носиме одлуки врз основа на првиот впечаток, без разлика дали станува збор за личност, објект или облека која сакаме да ја купиме.

kako-da-go-uredite-domot-koj-sakate-da-go-prodadete-2

Затоа, ако имате стан, куќа или некоја друга недвижнина која сакате да ја продадете, ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат тоа да го направите што побргу, да добиете подобра цена, а купувачот да биде задоволен од одлуката што ја донел.

Нема ништо поубаво од чист и уреден дом

Ако веќе се решите да го продавате својот дом, најпрво темелно исчистете го. Ако не можете само, дозволете си да најмите професионалци кои ќе го исчистат тапацираниот мебел и теписите. Одржувајте ја чистотата постојано, така што местото ќе биде постојано подготвено за разгледување.

Тргнете го нередот и непотребните предмети од видливите места. Погрижете се на подот да нема расфрлани играчки и држете ги плакарите средени.

Креветите нека ви бијат постојано наместени, ѓубрето навреме исфрлено а садовите во кујната чисти.

Мали поправки во куќата ја подигаат цената

Расипани славини, влага по ѕидовите во бањата или некои други знаци на дотрајаност  сигурно нема да ви помогнат да ја продадете куќата. Дупките и пукнатините на ѕидовите, како и искинатите пластични завеси во бањата или пукнатите прозорски стакла и огледала, не сте ни свесни колку можат да ви одмогнат во желбата што побрзо да ја продадете куќата.

Средете ги овие работи, иако тоа можеби ќе ве чини. Заменете ги тапетите на ѕидовите или префарбајте ги. Ако теписите се стари, заменете ги со некои нови евтини. Поправете го ѕвончето.

Ситниците многу значат

Постојано имајте свежо цвеќе на повеќе места во домот. Купете неколку нови, шарени вазни за да го освежите просторот. Исчистете ги со специјално средство славините во кујната и бањата. Мирисот на печен леб и свежо сварено кафе им помага на купувачите да се чувствуваат како дома.

Ставете колачи и бонбони на масите. Светнете ги прозорците и нека бидат отворени ако тоа го дозволува времето.

Ако чувате домашно милениче исчистете го просторот каде тоа се наоѓа и додека се тука купувачите ставете ги во нивната куќичка. Многу луѓе не сакаат да се во близина на животни.

Запалете ги светлата бидејќи тоа е знак на гостопримство и пуштете го сонцето низ ролетните.

Развлечете ги завесите и покажете им на купувачите каков топол и весел дом им нудите.

Би можело да ве интересира:

6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg