Која боја преовладува во вашата дневна соба?

За разлика од бојата на облеката или шминката, кои често се одраз на моменталното расположение, бојата на ѕидовите и мебелот во дневната соба потсвесно сама се наметнува.Затоа, бојата која најмногу ви одговара открива по нешто за вас како личност.

bojata-vo-dnevnata-soba-go-otkriva-vasiot-karakter-01

Од психолошкиот тест, спроведен помеѓу голем број на луѓе, донесени се следниве заклучоци.

Светло зелената открива човек кој внимателно слуша

Изразено светлата и нежна зелена боја открива отворен човек кој на другите им допушта да ги изразат своите чувства, надежи и стравови, а притоа вистински сочувствува. Љубителите на оваа нијанса на зелената зрачат со позитивна енергија

Кафена избираат внимателните

Ако во вашиот дом доминираат богатите кафени нијанси, вие се тип на човек кој многу сериозно ги сфаќа своите задачи, внимателни сте и околината ве почитува и цени.

Розовата боја ја открива бурната природа

Ако ве привлекуваат розовите нијанси, по природа вие сте жестоки и склони кон бурни реакции. Обичните и просечни нешта бргу ви здосадуваат и секогаш сте во потрага по нови искуства.

bojata-vo-dnevnata-soba-go-otkriva-vasiot-karakter-02

Сината е избор на озбилните и успешните

Сината боја на ѕидовите во дневната соба за вас открива дека цврсто верувате во она што го правите и озбилно ги прифаќате сите задачи кои ви се дадени. Токму тоа е тајната на вашиот успех. Доколку ве привлекува силната, електрично сина нијанса, по природа вие сте динамична личност која никогаш не е сосема задоволна со она што го прави или има.

Љубителите на жолтата сами ги пишуваат правилата

Светлата, сончева нијанса на жолта содржи високо ниво на енергија која е секогаш присутна во вас. Мешавината на јаки и смели бои значи дека во животот сами ги поставувате правилата и само ги потсетувате другите дека животот треба да го живеат до максимум.

Елегантната црна ја обожаваат таинствените

Оние кои се доволно смели да имаат драматично црна боја во домот, префинети се и елегантни. Се чувствуваат пријатно во секој момент, комплексни се и по малку таинствени. Размислуваат многу прецизно, брзо сфаќаат, а уште побрзо планираат и ги спроведуваат своите идеи.

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg