Што не сте забележале во The Big Bang Theory?
Брилијантно сценарио, глума и продукција – ова стои зад The Big Bang Theory. Неверојатните ликови на Шелдон Купер, Ленард Хофстадер, Раџ, Хауард и Пени се ретка комбинација која изобилува со хумор.
Ова се неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле и забележале во оваа серија:
- Кој се крие зад публиката „во живо“ гласното смеење и аплаузите во позадина? - Група на студенти од технички факултет.
- Кели Куоко, актерката која ја глуми Пени, не била првично замислена за оваа улога, туку за улогата на лик кој се викал Кејти.
- Оригиналната песна со која започнува шоуто не е моменталната отпеана од Bare Naked Ladies, туку била планирана ‘She Blinded Me With Science’ од Томас Долби.
- Иако Шелдон Купер е енормен фан на Стар Трек, особено Спок, актерот кој го глуми, Џим Парсонс, никогаш во живот нема гледано ни секунда од Стар Трек.
- Катовите пред лифтот се истата сцена. Само прават ситни промени на еден ист спрат за сите снимки во ходникот на зградата.
- Шелдон речиси секогаш носи две маици – една со долги ракави под маичка со кратки ракави (најчесто со супер херои).
- Хауард секогаш носи исклучително тесни панталони во силни бои.
- Креаторот на шоуто, Чак Лоре, често е мета на феминистките затоа што тие тврдат дека жените во приказната се чисти секс објекти. Не би се согласиле: Ејми Фере-Фаулер и Бернадет - обете докторки на наука во шоуто, исто како и мајката на Ленард – невро психијатар (одлично ја глуми Кристин Барански).