Каде престојуваат ѕвездите кога не се дома?
Хотелот Бел Аир е отворен уште во далечната 1946 година и од тогаш претставува собиралиште на холивудските ѕвезди. После двогодишното реновирање, повторно е отворен во 2011 година.
Бел Аир е еден од најпрестижните и луксузни архитектонски достигнувања токму заради префинетиот стил со кој е уреден. Надворешноста е преполна со прекрасни градини во кои се наоѓа луксузен ресторан.
Во секоја соба има приватни луксузни бањи, камин и мебел од префинети материјали. Освен приватните базени, хотелот располага и со огромен спа-центар.
За оние кои сакаат да уживаат во врвна нега и третмани, на располагање имаат простории со козметичарки кои ќе им направат масажа на лицето со кавијар.
За оние пак кој копнеат по стариот холивудски гламур, на располагање е славниот Бар уреден во класичен, старински стил.