Кој на што троши повеќе - мажи vs жени

Тврдењето дека мажите и жените се од различни планети во размислувањата и не е некоја новост, а еден од најдобрите докази за тоа е и начинот на кој ги трошат своите пари.

koj-troshi-povekje-mazi-vs-zeni-1

Истражувањето спроведено од страна на BuzzFeed ги истакна тие разлики во една дијаметрално спротивна таблица.

Така мажите повеќе трошат на храна, а жените на облека за да се расположат. После храната, она што мажите ги прави среќни е електрониката, додека кај жените на втор место е храната, па потоа чевлите.

Исто така се покажало дека машкиот дел од популацијата е понаклонет кон алкохолот и трошат дупло повеќе на алкохол од жените. Жените пак, трошат двојно повеќе на хуманитарни акции од мажите. И едните и другите сакаат да трошат на излегувања, но и овде мажите се за малку повеќе трошаџии.

Без разлика на метросексуализмот кој ги насочи мажите повеќе да внимаваат на изгледот и со тоа и повеќе да трошат, сепак резултатите покажуваат дека жените трошат три пати повеќе пари на козметика. Тука мора да се земе предвид и фактот дека женската козметика е многу поскапа од машката.

Св. Валентин е празник кој е измислен за мажите повеќе да потрошат. Тие на овој празник трошат двојно повеќе од жените, а со поклонот купуваат и цвеќе.

Одговорот на тоа кој поразумно троши е жените, бидејќи поминуваат 40% повеќе време во споредување на цените од мажите.

Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg