Брз и вкусен овошен колач
Ќе бидете изненадени од неколкуте минути кои ќе ги вложите кога ќе резултираат со вкусно, егзотично колаче. Со само неколку состојки и малку креативност ќе го имате најубавиот десерт кој некогаш сте го пробале. Посебно ако сте љубители на овошјето, оваа пролет ќе имате еден начин плус како да се почестите себеси и најблиските.
Состојки кои ви се потребни за 1 колаче:
- 3 лажици бело брашно
- ¼ лажичка цимет
- ¼ лажичка прашок за печиво
- 2 лажици бадемово млеко (може и обично)
- ¼ лажичка ванила
- ½ лажица мед
- ½ лажица меласа (не е неопходно)
- 1 прстен ананас
- 1 јагода за декорација која може да ја замените со било какво овошје по желба
Измешајте го брашното, циметот и прашокот за печиво. Додадете го млекото, ванилата, медот и меласата. Мешајте додека не се соедини.
Прстенот од ананас ставете го на дното на чинивчето за печење, а потоа претурете ја смесата.
Печете 15-20 минути на 350 степени.
Откако колачето ќе се испече, превртете го на рамна чинија, со долниот дел нагоре за да се гледа прстенот од ананас. Декорирајте со јагода како на сликата или пак по своја желба прелијте со топено чоколадо, шлаг пена и многу овошје.