Како изгледаат мажите во очите на жените?
Општо познат факт е дека мажите немаат проблем со својата самодоверба и повеќето се сметаат за привлечни. Но, што за тоа мислат жените?
Деновиве излезе рекламата за Dove, во која неколку жени се опишуваат пред уметник кој никогаш не ги видел претходно, а потоа истите жени ги опишува некој друг, додека уметникот црта. На крајот добиваме слика како тие се гледаат самите себе, а како ги гледа околината. Разликите се огромни, а пораката е јасна: Жените се поубави во очите на набљудувачите, отколку што тие мислат за себе.
Најново е што веднаш по ова, излезе и машка верзија на рекламата, која драстично се разликува од женската. Имено, додека само 4% од женската популација за себе мислат дека се прекрасни, исто толкав процент на мажи сметаат дека се просечни.
Затоа, екипата на канал New Feelings Time одлучи да го возврати ударот и да им покаже на мажите како тие вистински изгледаат во очите на жените.