Неверојатен портрет на готвач изработен од храна
Мексиканското студио “Golpeavisa”, за насловната на реномираното списание Clase Premier Magazine имаше една интересна задача да изработи портрет на Rene Redzepi – еден од најпознатите готвачи на светот.
Обично, во вакви случаи тие изработуваат дигитални цртежи, но овој пат си поставија еден предизвик – да изработат портрет од она што најмногу го опишува Rene, а тоа е нормално храната и се што е поврзано со нејзе.
Идејата беше да се фотографираат кујнски елементи во комбинација со храна, кои ќе бидат поставени така што ќе ја даваат силуетата на неговото лице.
“Овој проект излезе потежок отколку што мислевме, но сепак беше многу забавно. Долго време го местевме осветлувањето, работевме на деталите, но на крај бевме презадоволни” – велат од студиото.