Најбрзиот Јутјуб успех: Од пијаница до милионерка
Видео снимката на која Џена Мори објаснува како да се нашминкате кога сте потполно пијани и донесе огромна неочекувана слава. Оваа 25 годишна девојка има повеќе од 4 милиони посети и околу 8,2 милиони следбеници, кои преку ноќ и помогнаа да стане најголема ѕвезда на Јутјуб.
Во видеото таа се обидува да стави вештачки трепки, течен туш за очи, моливче за уста и што ли уште не само за да го долови моментот како изгледа една девојка кога се шминка пијана.
“Никој не зборува за тоа колку е тешко кога цел ден пиеш, а потоа некој те вика да излезеш да се дружиш...” - е почетокот на приказната која таа ја раскажува во неколку минутното видео.
Денес, Џена Марблс, името под кое таа се претставува он-лајн, снима спотови во својата куќа вредна 1,1 милиони долари во Санта Моника, а кога за прв пат снимила видео живеела во Кембриџ каде што плаќала месечна кирија од 800 долари.
Се прашувате како ја стекнала славата која многумина ја посакуваат?
Нејзините спотови се одликуваат со директен пристап и голема духовитост, во нив нема табуа, нема срам.
По објавувањето на првото видео, веднаш вработила своја лична асистентка, менаџер, како и својата мајка која ја задолжила да обрати поголемо внимание на писмата од нејзините обожаватели.
Иако оваа девојка не открива колку заработува, грубите проценки се дека само во 2012 година заработила нешто повеќе од 346.000 долари.
„Заработувам повеќе отколку што ми е доволно. Се забавувам во својата куќа, сама со себе, а потоа тоа го објавувам на интернет “ – е изјавата на Џена кога ја прашуваат што всушност таа работи.
Ова е видео снимката која на Џена и донесе огромна популарност.