Помалку луксузната страна на најголемиот брод во светот
“Allure of the Seas” е најголемиот патнички брод некогаш изграден кој може да собере точно 6318 гости заедно со 2384те членови на екипажот.
Еден човек кој го посетил овој брод решил да го остави луксузниот дел на страна и да се посвети на просториите во кои се одвива производството.
Во рамките на овој брод, покрај неверојатно луксузните ресторани, кино сали, базени и соби има и огромна кујна во која се припрема храната за илјадниците гости, како и огромен магацин, соба за перење и сушење на облеката, соба во која се следи работата на моторот и што ли уште не.
Вака изгледа помалку луксузната внатрешност на светски познатиот “Allure of the Seas”.