Внесете ја пролетта во вашиот дом
Ако едноставниот тросед во дневната соа ви здосади, празните полици сакате да ги наполните или пак конечно сакате да го тргнете топлото ќебе во кое се туткавте цела зима - сега е одлично време за тоа.
Најпрво ослободете се од сè што асоцира на снег, ветар и ниски температури. Потоа ќе знаете што точно ви треба за да ја пречекате пролетта во домот.
Одличен избор се шарените пернички во многу бои и дезени, цветните аранжмани, стаклените садови полни со шарено желе и природно цвеќе или пак интересните сувенири -животинчиња. Внимавајте сè да биде во весели бои или шари.
Ова се неколку наши предлози како можете да го уредите домот во пролетен стил, со многу шарени детали кои нема да ве чинат многу.