Како да раширите мали и тесни чевли?
Купи нови штикли, ама малку се тесни? Ти прават плускавци, ама пуста љубов и мерак сакаш да си ги носиш? Малите трикови и совети се скриени секаде, само треба да ги пронајдете!
Еве како за 24 часа да ги направите тесните чевли удобни за носење.
Потребни ви се 2 пластични ќесички со затворач, вода и замрзнувач.
Постапката е едноставна, но ефикасна!
1. Наполнете ги кесичките со вода, количината зависи од бројот на чевлите, но од прилика кесички 20x18cm би биле доволни.
2. Добро затворената кесичка ставете ја во чевлата во предниот дел.
3. Потоа ставете ги во замрзнувач на место каде ќе можат да стојат исправено, без да се превртат и оставете ги овде еден ден. Како што ќе се замрзнува водата, така и штиклите полека ќе се растегнуваат.
4. Кога ќе ги извадите од замрзнувачот, ставете ги некаде каде мразот може лесно да се стопи, извадете ги кесичките, пребришете ги чевлите и тадааам!
Мало предупредување: Внимавајте да оставите доволно место во кесите кога ставате вода, заради ширењето на мразот.