Подгответе домашна кинеска храна

Ако сакате да експериментирате, да испробувате нови вкусови тогаш кинеската кујна е одличен почеток. Тајната се состои во големината на залаците кои ќе ги припремите, исто како и свежите состојки. Самата припрема на кинеската храна е доста брза и едноставна бидејќи храната се припрема во длабока тава, на висока температура и со многу зејтин и вода која ја испуштаат зеленчуците.

podgotvete-domasna-kineska-hrana-01

Ова се неколку едноставни, а неверојатно вкусни предлози.

Кинески пролетни ролни

Состојки за сос: една лажичка кафеав шеќер, сол, глутаминат, соја сос, лажичка пилешка супа, лажичка масло од кикирики и лажичка оризово вино

Подгответе тенко тесто од брашно, вода и сол. Испечете тенки палачинки. Во вок тава ставете го маслото од кикирики и една минута пропржете месо по вкус помешано со пченкарно брашно и печурки. Додајте зачини по желба и оставете водата да испари.

На секоја палачинка ставите малку месо, сос и превиткајте ги за да добијат форма на ролни. Потоа пропржете ги во масло додека не станат крцкави.

podgotvete-domasna-kineska-hrana-2

Слатко кисел сос

Состојки: јаболков оцет, кечап, Табаско сос, темен и светол сос од соја и шеќер

Промешајте неполни 2 лажички оцет, 3 лажички кечап, лажичка Табаско сос, пет лажички шеќер и по една лажичка темен и светол соја сос. Варете на тивок оган додека не зоврие. Потоа по желба може да додадете малку густин за да ја зацврстите смесата.

Овој сос одлично оди со секаков вид на месо, тестенини и варен зеленчук.

podgotvete-domasna-kineska-hrana-3

Шпагети од ориз

Состојки: 200гр шпагети од ориз, 200гр ситно сецкано свинско месо, шеќер, ѓумбир, 0,5л супа од зеленчук, сос од соја, вино

Ситно сечканото месо варете го 5 минути. Во вок тава ставете 2 лажици шеќер и оставете го да се карамелизира а потоа додајте го свареното месо. Ставете по една лажичка вино и сос од соја. Додајте ѓумбир по желба, а потоа во тавата истурете ја супата. Гответе го месото на тивок оган околу 1 час. 10тина минути пред да биде готово, сварете ги шпагетите и прелијте ги со месото и зачинете по вкус.

podgotvete-domasna-kineska-hrana-1

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg