Кога ќе пораснете...
Растењето и созревањето можеби не е најомилената работа на многумина, но е неизбежно. Ако и вие сте едни од личностите кои сакаат вечно да останат детинести, ова се најдобрите одговори на прашањето „Кога конечно ќе пораснеш?“ кои не смеете да ги пропуштите.
Сите ќе пораснеме тогаш кога...
1. Кога некој ќе започне да ве плаќа за нешто што го правите, бидејќи барем досега никој не е заинтересиран да ве плаќа за било што што правите во животот.
2. Кога вашиот омилен саботен ритуал ќе ви стане здодевен. На пример, кога наместо седење под топло ќебе, со добар филм и вкусно јадење ќе изберете да излезете со колегите на вечера.
3. Кога конечно нешто ќе почне да не боли толку силно што ќе помислиме на најлошото, па ќе бидеме приморани самите да истрчаме до најблиската болница.
4. Кога работите ќе почнат да бидат недозволиво скапи.
5. Кога ќе започнете да се храните здраво, без да ви се гадат блуткавите вкусови.
6. Кога сконцентрирано ќе се држите до списокот за храна која треба да ја купите и конечно ќе успеете да одолеете на прескапите слатки полнети со вкусен фил.
7. Кога извршувањето на важните работи ќе ви станат приоритет, за сметка на задоволствата.
8. Кога надворешните рани и повреди нема да бидат најболната работа во животот.
9. Кога ќе забележите дека домашните си ги гледаат своите обврски, а сè помалку ве прашуваат дали сте добри, дали сте гладни, да не ви е ладно...
10. Кога самото прашање ќе престане да ве тера да дадете неискрен и неточен одговор.