Инстантно стареење – од девојка до старица за само неколку секунди (видео)
Уметникот Мајкл Хаусман ги замолил своите модели да скокаат на трамбулина, додека тој ги снимал со камера која бележи две илјади слики во секунда. Снимката ја монтирал така што моделите непрестанато остануваат на истото место, додека нивните мускули и кожата се помрднува. Гравитацијата си го направила своето, а резултатите делуваат како инстант стареење.
„Она што го добивме во ова видео е по малку вознемирувачко. Гледаме модели кои не се поместуваат, но нивната кожа и тоа како се менува. Така го добиваме ефектот на стареење. Гледаме 18 годишна девојка која одеднаш, за само некоја секунда се претвора во 55 годишна зрела жена“ - се зборовите со кои Мајкл го објасни своето дело на Јутјуб.