Полнети портокали: крем десерт за љубителите на пудингот
Иако портокалот е овошје достапно во текот на целата година, неговата улога во слатките наскоро ќе ја замени сезонското овошје како јагодите и малините.
Но, не би било праведно зимата да се испрати, а да не се проба овој вкусен десерт за кој не ви треба рерна и за чија подготовка ви се потребни само десетина минути, таман во паузата од ручекот до кафето.
Состојки:
- 400 ml сок од свежи портокали (обично 4 портокали, зависно од големината)
- 50 gr шеќер
- 1 ванила
- малку рум или ликер од портокал
- 1 пудинг од ванила
- блага павлака за украсување
Подготовка:
1. Портокалите пресечете ги на половина. Издлабете ги и извадете ја внатрешноста (како на сликата).
2. Корите од портокалите оставете ги на страна, тие ќе послужат како калапи за сервирање на кремот.
3. Испасирајте ги пулпите од портокалот и исцедете ги за да добиете бистар сок.
4. Во 400 ml сок сварете го пудингот од ванила, измешајте го шеќерот, ванилин шеќерот и додадете малку рум.
Добиената крема оставете ја малку да се излади, па со неа наполнете ги половините од портокалите. Изладете и украсете со блага павлака и чоколадни трошки.
Кремот можете да го сервирате и во високи чаши.